И ДЕНЕСКА ПЕКОЛНО ТОПЛО, УТРЕ УШТЕ ПОТОПЛО – портокалова фаза ќе имаме и во следните денови, еве ги деталите

Времето и денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 36 до 43 степени. UV=10

Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 39 степени.
До следната среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури. Особено топло ќе биде утре и кон средината на следната седмица и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.