Од вторник температурата ќе биде во опаѓање, а на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат претежно од снег, информираат од УХМР
Денеска времето во земјава ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност, а во планинските региони ќе има услови за повремени слаби врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималната температура се движи во интервал во минус еден до четири Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.
За Скопје синоптичарите прогнозираат слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност. Минималната температура во главниот град се спушти до три, а максималната дневна ќе достигне до 18 Целзиусови степени.
Како што информираат од УХМР, под влијание на нов влажен бран утре и во вторник не очекува облачно време, со врнежи од дожд на повеќе места. Наместа врнежите ќе бидат обилни и поројни со појава на ретки грмежи. Од вторник температурата ќе биде во опаѓање, а на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат претежно од снег.