И ДЕНЕСКА ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ ОД РАНО УТРОВО – македонските граѓани итаат кон вакцини во Србија, камерите намерно исклучени на преминот!

На граничниот премин Табановце, поради зголемен интензитет, чекањето за излез од државата е околу 40 минути, информира Автомотосојузот во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Викендов наши државјани одат да се вакцинираат во Србија, што предизвика застои и чекање на границата.
На останатите гранични премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Инаку како и вчера така и утрово камерите на Јавното претпријатие за државни патишта се исклучени само на граничниот премин Табановце со што се оневозможува граѓаните да ја видат моменталната ситуација таму.

Пронајдете не на следниве мрежи: