Времето во Македонија денес ќе биде променливо облачно и нестабилно, попладне со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град. Утринската температура ќе се движи од 6 до 14, а дневната од 16 до 27 степени Целзиусови.
Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе достигне до 11, а дневната до 25 степени.