Директорот на Клиниката за неврохирургија д-р Владимир Рендевски е меѓу заболените од мали сипаници, кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести во Скопје.
– Веќе трет ден сум на Клиниката за инфективни болести. Денес сум малку подобар, инаку бев со висока температура и со треска. Минатата недела имаше и други два-тројца вработени кои заболеа и тие не се на работа. Секојдневно сме во контакт со пациенти од различни делови на земјата, доаѓаат и амбулантски ги прегледуваме, затоа и апелот до сите што не се вакцинирани да се вакцинираат“, вели д-р Рендевски за САКАМДАКАЖАМ.
Тој, исто така, додава и дека скоро сите вработени се ревакцинирале, а дека тој изгледа е вакциниран само со една доза. Институтот за јавно здравје објави дека само последнава седмица се регистриранини 110 заболени од морбили и дека повеќе од половината од заболените не се од Скопје.