Мислите дека отвореното кафе може да стои со години? Грешите! Како и сите други видови храна, така и кафето има свој рок на траење кој се разликува во зависност од тоа дали е затворено или отворено. Поголемиот дел од кафињата имаат напишан рок на траење на пакувањето, а тој се разликува во зависност од видот на кафето.
Имено, пржените зрна кафе траат месец дена, додека меленото кафе, што е затворено, може да трае од три до шест месеци. Отвореното мелено кафе може да стои најмногу две недели. Затвореното инстант кафе, доколку е на темно место, може да стои до 6 месеци, а откако ќе се отвори – до година дена. Од друга страна пак, кафето што се става во кафемат најдобро е да се употреби во рок од три месеци по отворањето.
Како да препознаете дали на кафето му истекол рокот на траење?
Промена во миризбата
Промена во бојата
Постои уште нешто на коешто треба да внимавате, а тоа е да не влегува вода или влага во кафето. Ако кафето се навлажни поради некоја причина, најдобро е да го фрлите. Можете и да го тестирате така што ќе го подготвите и помирисате пред пиење. Ако миризбата е сменета или вкусот не е како што бил претходно, може да биде опасно да го испиете.