Општина Гази Баба и градоначалникот Бобан Стефковски набавиле преносни компјутери и таблети во вкупна вредност од 426.552 денари или речиси 7.000 евра.
Според договорот, набавени се три лаптоп компјутери како и 27 парчиња таблет компјутери.
Она што е воочливо е цената на преносните компјутери која е едно од повисоките и изнесува 68.250 денари или над 1.100 евра за еден лаптоп.
Во време на енергетска и економска криза, Владата им укажа на сите општини да покажат рационалност во трошењето буџетски пари, но сепак во многу општини и натаму трошат пари на компјутери, автомобили и други расходи што не се неопходни во време на криза.
Извор: 24инфо
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.