И З В Е С Т У В А Њ Е за ограничување на собирањето и откупот на плодови на боровинка (VACCINIUM MYRTILLUS) во 2016 година

ЈП “Македонски шуми“ со Решение бр. 12- 26/138 од 22 Јули 2016 година го ограничува времето за собирање и откуп на боровинка во 2016 година.  Собирањето и откупот се одредува да започне на 1-ви Агуст 2016 година. Пред овој датум забрането е собирање и откуп на боровинка и ова дејствие ќе биде предмет на контрола и инспекција на овластените контролни органи според важечките законски одредби.

Собирањето може да го вршат само регистрирани собирачи кои имаат годишни „Годишни дозволи за собирање на други шумски производи за 2016 година“ издадени од Подружниците на ЈП Македонски шуми низ Република Македонија, и кои боровинката ја предаваат во откупни пунктови на регистрирани откупувачи – правни лица кои имаат “Договор за преостапување на собирање и откупот на други шумски производи преку откупни пунктови со надоместок“ со ЈП “Македонски шуми“.

Собирањето и откупот на боровинката ќе биде директно под контрола   на овластените органи кои може да ги одземат собирачките дозволи од физички лица – собирачи, доколку собираат пред 1-ви Агуст 2016година, или утврдат неправилности при собирањето и евидентни штети на популацијата боровинки од несоодветните начини на собирање (откорнување на цели билки, сечење гранки, оголување на стебла, собирање незрели плодови и друго), или забранат откуп на правните лица – фирми ако откупуваат боровинка пред 1-ви Агуст 2016 година, откупуваат незрели боровинки, употребуваат несоодветна амбалажа и садови, отворен транспорт и чување и складирање на боровинката без ладење во откупните пунктови.

Воедно собирањето може да се ограничи и забрани, доколку собирачите предизвикуваат штети на животната средина расфрлајки отпадоци, сечејки гранки и стебла од шумата и палејки отворен оган на местото на собирање.

Пријавите за прекршителите на ова ограничување на собирањето и откупот може да се достават до Подружниците на ЈП Македонски шуми, за да се превземат соодветни законски мерки против нив.

ЈП “МАКЕДОНСКИ ШУМИ“ Скопје

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.