И Интерпол се вклучува во потрагата по Матеј Периш

Во потрагата по Матеј Периш (27) од Сплит, кој исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември во Белград, вклучен е и Интерпол, пишуваат белградските медиуми.
За исчезнувањето на хрватскиот државјанин за кого постои сомнение дека се удавил, се информирани и соседните земји низ кои минува Дунав. Српската полиција, освен во Белград, ја пребаруваше реката Дунав низводно, сè до Смедерево.
Проверени се и коритото и крајбрежјето бидејќи не е исклучена можноста водата во одреден момент да го исфрли телото на површина, пишуваат медиумите.
Потрагата по Матеј Периш, сè уште не дава резултати, иако денеска е деветти ден од потрагата.
Според српските медиуми во текот на петокот се пребаруваше Дунав, од устието, низводно по левиот и десниот брег на Дунав, а и низ територијата на Стариот град, Палилула, Гроцка, се до Смедерево. Исто така се пребаруваше и долж крајбрежјето во кое е вклучена и полициската управа Панчево до границата на Смедерево. Матеј не е во реката, објави ТВ Пинк.
Хрватските новинари велат дека, според ангажираните сили, очигледно е дека интензитетот на потрагата не се намалува, но условите се тешки, особено во водата, а крајбрежниот дел е непристапен.
-Излегоа многу работи, има работи што не се во ред, има некои погрешни снимки, но полицијата има свој пат и план и работи, како што гледам, по протокол кој е организиран и насочен кон целта. Многу работи се случуваат, не би дал детали што ги знам, но верувајте дека се неважни за јавноста, сето тоа се некои методи, рече таткото Ненад Периш.
Таткото е убеден дека тој и неговиот Матеј ќе се вратат во Сплит, како што повеќепати има кажано „сто проценти“- „Затоа сум тука, не заминувам од овде без него. Секој што има деца може да разбере што велам“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.