Резултати на ново истражување покажуваат како лошото расположение не е секогаш штетно и понекогаш може да ни помогне да останеме прибрани, да имаме подобра меморија и подобро да расудуваме во врска со другите луѓе. Додека доброто расположение не прави креативни и флексибилни, негативното ја поттикнува концентрацијата и предизвикува анализирање на сè што не опкружува.
Во истражувањето кај испитаниците било предизвикано добро или лошо расположение преку гледање на филмови, а заклучоците велат дека оние кај кои било предизвикано лошо расположение биле помалку склони кон носење на брзоплети заклучоци и правеле помалку грешки при потсетувањето на филмот кој го гледале. Така што, благото негативно расположение покажало конкретна и поуспешна комуникација. Сепак, ова не значи дека треба секогаш да бидете негативни.
А, бидејќи проблемите почнуваат кога се терате себеси да бидете позитивни, бидете расположени онака како што сакате и никогаш не се присилувајте во однос на тоа како треба или не треба да се чувствувате. Само опуштено.Резултати на ново истражување покажуваат како лошото расположение не е секогаш штетно и понекогаш може да ни помогне д