И на децата им треба време за себе – како мајка му помага на синот да се опушти по училиште?

8-годишното момче се соочувало со проблеми и стрес на училиште, а неговата мајка сфатила дека и децата заслужуваат време за себе и решила да го релаксира и изненади со топла купка, омилените грицки и опуштање на мозокот.
По долг распуст, на децата не им е воопшто лесно да се приспособат на почетокот на школската година, а стресот да успеат со сите обврски, да постигнат добри резултати и да ги задоволат резултатите, може да направи поголеми проблеми.
На социјалните мрежи вирално се прошири фотка од момче кое ужива во полна када, со грицки и сок во чаша за вино, благодарение на неговата мајка која решила да го истретира како што заслужува.

Момчето се соочувало со проблеми на училиште, а другарчињата го задевале, па дома доаѓал нервозен и не сакал да зборува.
Во одреден момент неговата мајка нашла идеално решение кое го споделила на социјалните мрежи, а родителите ширум светот се согласуваат со нејзината теорија – и децата заслужуваат време за себе.
„Ја утнав работата бидејќи по училиште го бомбардирав со тон прашања. Кога ќе видам дека имал лош ден му поставував секакви прашања, но само бидејќи сакав да знам дали е добар.
Сакав да му кажам дека има многу начини како да застане за себе и да ги пријави проблемите, а дека јас секогаш сум тука за него. Во еден момент го погледнав и сфатив дека со моето зборување без престан само му правам полошо.
Од очај, решив да му помогнам онака како што јас си помагам себеси по стресен ден. Му ја наполнив кадата, запалив свеќички, ставив од неговите омилени грицки и сок во чаша од вино и го испратив во бањата.
Таму го чекаа две пораки – една дека заслужува да се релаксира и втората, дека е безусловно сакан. Неговиот израз на лицето кога влезе беше незаборавен, постојано прашуваше дали е тоа за него…
„По топлата купка, тој беше смирен и следниот ден кога го оставив во училиште го погледнав и му реков Го можеш ова, а тој рече – Да, но ако не успеам, ќе ми направиш ли уште една топла купка вечер?“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.