Небото над делови од Венецуела стана светло црвено, само неколку дена откако земјата беше погодена од разорни и смртоносни земјотреси.
Снимките и фотографиите снимени на 30 јуни во Каракас покажуваат драматична сцена – хоризонт осветлен од интензивна светлина, што предизвика тревога кај жителите и корисниците на социјалните медиуми.
Многумина се прашуваа дали необичната боја на небото е поврзана со земјотреси. Некои отидоа дотаму што ја протолкуваа сцената како „библиски знак“.
Сепак, експертите ги отфрлаат ваквите толкувања, објаснувајќи дека станува збор за природен атмосферски феномен.
Skies turn blood red over Venezuela after deadly earthquakes spark fears of biblical omen https://t.co/4WhAbtlotN— Daily Mail (@DailyMail) July 1, 2026
Според нив, црвената светлина, позната во Венецуела како кандилазо, се јавува кога сончевата светлина под одредени услови доаѓа во контакт со честички во атмосферата, создавајќи интензивни, „огнени“ зајдисонца.
Дополнителен фактор е големата количина на сахарска прашина што го преминува Атлантикот кон Карибите и северна Јужна Америка.
Таквата прашина може да придонесе и за црвеникавата боја на небото, особено при изгрејсонце и зајдисонце, објавува „Дејли меил“.
Експертите нагласуваат дека, иако неодамнешните земјотреси го зголемија стравот и ги поттикнаа шпекулациите, „ крвавото небо“ нема никаква врска со сеизмичката активност, ниту пак претставува некаков „библиски знак“, туку е добро познат атмосферски феномен.
The post И небото крвари над Венецуела: По разорниот земјотрес, граѓаните беа дополнително вознемирени од „библискиот знак“ (ФОТО/ВИДЕО) appeared first on Во Центар.



