Во Скопје се случува масовна кражба на капаци на шахти. На потегот од мостот „Близнак“ до семафорите кои што водат кон населбата „Маџари“ недостасуваат десетина капаци од шахтите.
Граѓаните стравуваат за својата безбедност, велад дека фалат шахти на многу делови низ градот и дека мора да внимаваат да не паднат и не завршат со некоја несакана последица.
„Многу може да биде опасно, таму кај „Бриколаж“ има испусти шахти, долго време не се поправени.“
„Во секој случај е опасно, многу опасно не малку.“
„Многу е опасно, паднам во натре и готово више рака нога.“
Од Водовод за ТВ 24 велат дека со текот на годидините капаците од шахтите се мета на препродавачи на старо железо. Тие посочуваат дека по пријава на граѓаните ги заменуваат капаците на шахтите и пријавуваат во полиција за секоја кражба.
„Од почетокот на годината, односно од јануари, 2024 до 07.10.2024 украдени се вкупно 27 какаци на шахти од тежок тип, од кои 20 само на територија на општина Гази Баба и 12 решетки на сливници, сите украдени на територија на општина Гази Баба. Украдените капаци се заменуваат со нови, веднаш по пријава од страна на граѓаните или по утрвдување на недостаток на капак од страна на теренските екипи на претпријатието.“ – ЈП Водовод и канализација Скопје.
Голем број на граѓани веќе имаат настрадано од пад во шахта. Неодамна скопјанец со тешки повреди заврши со скршеници во болница.
Отворените шахти не се само проблем за пешаците туку се закана и за возачите ,бидејќи ги има во голем број по булевари што предизвикува не само оштетување на возила, туку може да предизвика и несреќа.
Извор: 24.mk