Централното Собрание на Партијата за движење на Турците – ТХП, во Скопје одржа седница на која се разгледа работниот извештај за 2022 и се дискутираше за планираните активности за тековната година. Меѓудругото се разговараше и за актуелната политичка состојба во земјава.
Централното Собрание на ТХП недвосмислено дава поддршка на евроинтеграцискиот процес, а и опозицијата ја повикува на рационален и државнички однос кон ова прашање. Со државнички одлуки Република Македонија ја поставивме на вистинските шини кои водат кон ЕУ, а сега останува во најбрз можен рок да стигнеме кон целта.
ТХП ја поддржува идејата за широк проевропски фронт, но, притоа инсистираме на проактивна улога и на помалку бројните етнички заедници, кои во никој случај не смеат да бидат маргинализирани во овој процес.