Во е-системот на УЈП за персонален данок годинава ќе мора да се регистрираат и пензионерите. Тие што не знаат како да го направат тоа ќе мораат да овластат друго лице да го направи тоа за нив.
На денешната прес-конференција УЈП ги повикаа граѓаните тоа да го направат колку што е можно побрзо и да не го чекаат крајниот рок, кој е на 31.12.2018 година. УЈП преку електронскиот систем пополнетата годишна даночна пријава треба да ја достави до граѓаните најдоцна до 30.04.2019 година. По ова граѓаните најдоцна до 31.05.2019 г. ќе треба да ги потврдат или корегираат податоците од пријавата, а ако не го сторат тоа тие ќе се сметаат за валидни.
Обврската за регистрација во системот покрај за пензионерите важи и за сите физички лица кои во 2018 година оствариле приход по било кој основ како плата, регрес за годишен одмор, приходи од закуп, добивки од игри на среќа, од странство и сите други приходи кои подлежат на оданочување со персонален данок на доход.Електронското пријавување во системот граѓаните ќе треба да го направат на e-pdd.ujp.gov.mk. по што ќе треба да си ги потврдат податоците во УЈП.