И пратеникот Таневски е инфициран со КОРОНА ВИРУСОТ

И пратеникот Таневски е инфициран со КОРОНА ВИРУСОТ

Вчера пратеникот на ДУИ беше хоспитализиран поради КОРОНА инфекција. Денеска бројот на заразени пратеници се зголеми за уште еден.

 

Пратеник на ДУИ хоспитализиран на Инфективната клиника

  • Почитувани пријатели,
    Сакам да ве информирам дека поради приватно неодложно патување, самоицијативно направив тестирање на КОВИД 19. За жал, и покрај почитувањето на сите мерки и протоколи од моја страна, истиот е позитивен.
    Воедно сакам да ве известам дека членовите од моето семејство се тестираа и сите се негативни. Јас се чувствувам добро и немам никакви симптоми. Мерката за изолација ќе ја испочитувам како и сите други граѓани на нашата земја.
    Со сето ова кажано чувствувам голема одговорност уште еднаш да упатам апел до сите и да ја нагласам сериозноста на вирусот и можноста за зараза со молба да бидете максимално внимателни.
    Со желба за побрзо оздравување и позитивни мисли Ве поздравувам.

Објави вечерва тој на својот Фејсбук профил.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.