Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар повторно поминува низ тешки денови, иако одигра солидна полусезона во Втората лига и се надеваше на враќање во елитата, меѓутоа екипата се соочува со сериозни проблеми и затоа веќе си заминаа дел од фудбалерите.
Ракометарите на поранешниот европски првак Вардар побараа решение за нивните колеги од фудбалскиот тим преку транспарент.
„Решение за Вардар – веднаш!“, пишува на транспарентот.
ФК Вардар по 15 одиграни меча се наоѓа на втората позиција со 36 бодови, односно еден помалку од лидерот, но засега не се знае што ќе се случи со најтрофејниот клуб пред почетокот на вториот дел од сезоната.