И реми против Аргентина нема да ја однесе Македонија во главната фаза

Нерешен резултат во вторник против Аргентина ќе значи крај за македонските желби за пласман во главната фаза од Светското ракометно првенство. Ова откако вечерва Аргентинцита затубија од Норвешка убедливо, но со 11 разлика, 20-31.

Со овој пораз Аргентина има гол-разлика -21, а Македонија -22, така што јасно е дека само победа над Јужноамериканците би нѐ однела во главната фаза во Катовице. Ако Аргентинците загубеа со 12 разлика, резултат кој беше актуелен во последната минута од вечерашниот дуел со Норвешка, тогаш Македонија ќе ја имаше предноста на реми, само затоа што има повеќе постигнати голови.

Пронајдете не на следниве мрежи: