И сеа што ќе прават овие што беа против Шваб: Светскиот економски форум го избра министерот Тимчо Муцунски за млад глобален лидер за 2025 година

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, е избран за Млад глобален лидер (Young Global Leader – YGL) на Светскиот економски форум (World Economic Forum – WEF) за 2025 година. Ова престижно признание се доделува на исклучителни личности под 40 години кои демонстрирале извонредни лидерски способности и силна посветеност кон подобрување на состојбите во светот.

Форумот на млади глобални лидери претставува заедница посветена на обликување одговорни лидери кои активно придонесуваат за подобрување на глобалните околности. Секоја година, Светскиот економски форум, преку селекциски процес кој вклучува одлука на специјализирана комисија и консултации со бројни експерти, избира група од приближно 100 лидери под 40 години од целиот свет (од кои 10 се од Европа) кои го добиваат ова признание.

Самиот процес на избор вклучува строга селекција што ги зема предвид личните и професионалните достигнувања на кандидатите, како и нивната етичка посветеност и интегритет во работењето.

Изборот на министерот Муцунски во оваа престижна заедница претставува признание за неговите напори и постигнувања во областа на дипломатијата и меѓународните односи. Како министер за надворешни работи и надворешна трговија, тој игра значајна улога во промоцијата на европските вредности, регионалната соработка, човековите права и доброто владеење.

„Ми претставува особена чест што сум избран за еден од Младите глобални лидери за 2025 година од страна на Светскиот економски форум.

Да се биде препознаен како дел од успешна група лидери под 40 години – кои доаѓаат од политиката, економијата, академската заедница и граѓанското општество од целиот свет – претставува исклучителна привилегија, но и голема одговорност. Во време на глобални предизвици и динамични трансформации, лидерството мора да се темели на визија, интегритет, емпатија и посветеност кон долгорочни и одржливи решенија. Особено се радувам што ќе станам дел од оваа извонредна заедница на креатори на промени – заедно да учиме и да создаваме, со цел да изградиме поправеден и поотпорен свет“, истакна министерот Муцунски во својата видео-објава на социјалните мрежи.

Алумни-членови на оваа престижна група вклучуваат истакнати личности како што се Марк Закерберг – основач и извршен директор на Facebook, Емануел Макрон – претседател на Франција, Питер Тил – коосновач на PayPal и водечки инвеститор, Нико Розберг – поранешен шампион во Формула 1, Александар Стуб – претседател на Финска и Александар Де Кроо – поранешен премиер на Белгија.

Ова признание ја става нашата земја на мапата на глобалното лидерство и ја нагласува посветеноста на државата на развој, иновации и меѓународна соработка.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Поврзани Артикли:тимчо муцунски
СледноГерасимовски: Од 15 до 20 април приклучете се на акцијата за одложување кабаст отпад во Центар
ПретходноПриврзоците на ДУИ денес глумат глас на совеста, вели Тошковски
Би можело да ве интересира и…
Муцунски оствари бројни билатерални средби на маргините на Анталија Дипломатскиот форум

Муцунски на економскиот форум „Делфи“ упати благодарност до Грција за помошта по трагедијата во Кочани

Муцунски на средба со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис

Учество на министерот Муцунски на економскиот форум „Делфи“ во Грција

Mуцунски: Трагедијата во Кочани уште еднаш покажа колку е важна соработката со соседите

Средба Муцунски-Рубио: нагласена важноста од интензивирање на политичкиот дијалог на високо ниво

МакедонијаКисела Вода со финансиска поддршка за жртвите на семејно насилствоОбјавено пред 1 минута – 15 април, 2025Од А. O. / Макфакс
Со цел да им излезе во пресрет и да обезбеди директна поддршка за лицата кои се соочиле со семејно или родово базирано насилство, општина Кисела Вода денес објави jавен повик за доделување на еднократна парична помош во висина од 2500 денари.

dobivaj vesti na viber
Оваа мерка е дел од Програмата за еднакви можности за 2025 година. Лица кои ќе се опфатат со мерката доделување на еднократна парична помош се лица, жители на општина Кисела Вода кои од Центарот за социјални работи се евидентирани како жртви на семејно/родово базирано насилство во периодот од 2024 и 2025 година, за што ќе треба да се достави потврда. Преостанатата документација потребна за аплицирање и сите други информации, се достапни на веб-страницата на општината, на огласните табли во сите урбани и месни заедници на територијата на општина Кисела Вода.

– Ова е мерка со која Општина Кисела Вода уште еднаш потврдува дека создава конкретни политики за социјална заштита, еднакви можности и достоинствен живот за сите. Покрај финансиската поддршка, испраќаме и јасна порака дека никој не е сам и дека локалната заедница стои зад секој оној што се соочил со насилство. Потребна е општествена мобилизација, но и системска поддршка. Затоа продолжуваме со креирање и спроведување на конкретни мерки кои овозможуваат заштита, помош и рехабилитација на жртвите. Ова е уште еден чекор кон посилна, почувствителна и праведна општина за сите, изјави градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Аплицирањето е овозможено од денес, 15 април и ќе трае сѐ до исцрпување на финансиските средства, но не подоцна од 30 септември 2025 година.

Прикажи повеќе…МакедонијаГерасимовски: Од 15 до 20 април приклучете се на акцијата за одложување кабаст отпад во ЦентарОбјавено пред 31 минута – 15 април, 2025Од А. O. / Макфакс
Општина Центар ја започна третата акција за собирање кабаст отпад, која ќе се одржи од 15 до 20 април. По успешните акции во февруари и март, жителите ќе можат бесплатно да го одложат отпадот во контејнерите за таа намена поставени на следниве локации:

dobivaj vesti na viber
– ДЕБАР МААЛО – ПАРК
ул. „Наум Наумовски Борче“ – кај Партизан
– ДЕБАР МААЛО
ул. „Алберт Ајнштајн“ кај КСП – Центар Јадро
– БУЊАКОВЕЦ
ул. „Киро Крстевски Платник“, кај кривината со ул. „Рајко Жинзифов“
– БУЊАКОВЕЦ
на аголот на улиците „Борка Талевски“ и „Костурски херои“
– ПРОЛЕТ
бул. „Крушевска Република“, спроти Веро Џамбо
– ВОДНО
ул. „Питу Гули“, кај кошаркарското игралиште

„Апелирам да продолжиме со одговорното одлагање на овој вид отпад. Искористете ги поставените локации за да го направиме Центар почист и поурбан“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Акцијата се реализира во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, како дел од Акцискиот план за чист воздух.

Паралелно, продолжува и големата кампања за чистење под мотото „Центар чисти, Центар не чека“.

Прикажи повеќе…МакедонијаПриврзоците на ДУИ денес глумат глас на совеста, вели ТошковскиОбјавено пред 57 минути – 15 април, 2025Од Е. Т. / Макфакс
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во статус на социјалните мрежи се огласи по критиките од опозициските партии за одговорноста и истрагата во случајот со дискотеката „Пулс“ во Кочани.

dobivaj vesti na viber
Тошковски вели дека ДУИ, СДСМ и Левица, синхронизирано и оркестрирано ги насочиле нападите кон него, со сите свои расположливи сили, а дополнети и со нови, очекувано продолжени удари од страна на СДСМ утрово, чувствува обврска пред јавноста да укаже на суштината на оваа, како што ја нарекува, невообичаена и сè поочигледна алијанса.

„Три партии, различни во својата форма, а слични во својата природа, вчера се здружија во обидот да фрлат сенка над она што три децении го чека македонскиот народ – расчистување со корупцијата и ставање крај на политиката на неказнивост. Три партии, кои наводно се борат една против друга, вчера покажаа дека нивниот заеднички интерес е посилен од сите нивни привидни разлики.

ДУИ – партијата која во долгите години на владеење заедно со СДСМ создаде заробена држава, со систем во кој криминалот не беше исклучок, туку правило. Партијата која остави зад себе пустош од корумпирано судство, нефункционално образование без учебници, здравство кое наместо лекови произведуваше трагедии, загаден воздух кој го труе секој граѓанин и институции заробени од партиски војници наместо од професионалци.

Истите тие функционери на ДУИ кои некогаш со ароганција велеја дека не одговараат пред законот, туку само пред Али Ахмети, а кога некој ќе им спомнеше одговорност за криминал, одговараа со закани со чизмите од таванот, денес панично се разбегаа бидејќи за првпат почувствуваа дека законот е над партијата. Па би сакал вака јавно да ги прашам:

Каде е денес Артан Груби? Каде е денес Прпарим Бајрами? Зарем не беа токму тие најгласните борци за правата на Албанците, кои наместо права, си обезбедија само привилегии за себе и своите семејства? ДУИ никогаш не се бореше за Албанците, се бореше само за позиции од кои можеше да го ограбува и албанскиот и македонскиот народ.

И сега, кога за првпат по 30 години владеењето на правото не е само празна флоскула, туку реалност, кога институциите конечно почнаа да функционираат и правдата пристигнува до оние кои мислеа дека засекогаш ќе бидат недопирливи, ДУИ без срам зборува за одговорност.

СДСМ пак, кои зборуваат за селективност и неправда, треба да се присетат дека за време на нивното седумгодишно владеење со ДУИ, државата ја потресоа три големи трагедии во кои животот го загубија над 70 луѓе. И сега добро запомнете: за сите тие загубени животи, СДСМ не поднесе НИЕДНА кривична пријава. Ниедна! Истите тие денес велат дека истрагата за Кочани е фарса, а во оваа наводна „фарса“ веќе имаме над 50 осомничени. Зборуваат за морален пораз, привезоците на ДУИ кои седум години беа тивките соучесници во распаѓањето на државата, а денес, без грам срам, се обидуваат да се претстават како глас на совеста. Лицемерието нема граница, а СДСМ треба да знае дека меморијата на македонските граѓани не е толку кратка како што би посакувале.

Но најинтересна е улогата на Левица, политичките паразити кои живеат и се хранат од народниот гнев создаден токму од нивните денешни партнери, ДУИ и СДСМ. Левица, која со години не пропушта можност да се претстави како алтернатива, всушност е само уште една алатка на истите структури кои на Македонија ѝ ја одземаа иднината. Денес, кога конечно системот се чисти, Левица ги напушти своите наводни принципи и застана во одбрана на токму оние кои ги обвинуваше до вчера. И не е тоа затоа што тие се нова партија со визија, туку затоа што најдобро опстојуваат во времиња кога системот е разнишан, а довербата на граѓаните во институциите е убиена од нивните некогаш прикриени, а денес очигледни сојузници.

Вчерашниот ден најдобро покажа каде сме и зошто толку силно удираат. Не се напаѓа оној што не претставува закана, се напаѓа оној што навистина менува нешто. Оној што не прифаќа да биде дел од нивниот удобен систем на молк, неказнивост и меѓусебна заштита. Токму затоа, јас овие напади не ги гледам како закана, туку како комплимент дека конечно правдата ги допре оние кои мислеа дека засекогаш ќе останат недопирливи.

Ова не е само моја битка, ова е наша битка. Ова е битка на сите граѓани кои 30 години живеат во држава во која политичката елита си играше фудбал по канцеларии и ја шутираше Македонија како топка. Денес, наместо тие да ја шутираат државата како што сакаат, законот почна да ги удира токму таму каде што најмногу ги боли.

Затоа продолжуваме напред, со јасна визија, со уште поголема одлучност. Правдата почна да тропа на вратата на секој оној кој мислеше дека таа никогаш нема да го посети. И таа правда нема да се врати назад без резултати.

Ако нападите се цена што мора да ја платиме за ова, тогаш јас сум подготвен секој ден да ја плаќам, затоа што ова не е само политичка битка. Ова е враќање на Македонија таму каде што ѝ е местото, во рацете на граѓаните, а не во рацете на криминалците. Македонија мора да биде држава каде што одговорноста нема партиска боја, а правдата нема цена. Токму таа Македонија е целта за која вреди да се издржат сите овие напади. И таа Македонија, заедно со граѓаните, конечно ќе ја изградиме“, напиша Тошковски.

Прикажи повеќе…

Најново
Македонија57 минутиПриврзоците на ДУИ денес глумат глас на совеста, вели Тошковски

Македонија1 часАко има пропусти, ќе има одговорност, рече Таравари за пациентот што почина чекајќи операција на Кардиохирургија

Македонија2 часа„Морален пораз за Тошковски и ДПМНЕ е советничка да поднесе оставка, а тој не“, велат од СДСМ

Македонија2 часаДУИ: Вистинското лице на една власт што не знае што значи одговорност, ниту министерот за внатрешни работи ниту директорот на Бирото за јавна безбедност не поднесоа оставка

Македонија3 часа(Видео) Партијата Левица: Радијата да имаат третман како телевизиите – порталите по еден вработен

Свет4 часаПретседателот на „Харвард“: Партиите не треба да диктираат што да учат универзитетите

Свет5 часа„Харвард“ ги отфрли барањата на Трамп, губи 2,2 милијарди долари федерални пари

Европа5 часаЛавров: САД блокираа 95 отсто од трговијата со Русија, но ние не бараме милост

Македонија16 часа(Видео) „Сите идеали не се вредни колку солзите на едно дете“ со насолзени очи советничка во Кочани си поднесе оставка

Регион18 часаБугарија бара одговор: Три месеци чекаме РСМ да одлучи дали ќе работиме или само ќе разговараме за Коридорот 8

Свет18 часаМедведев до Мерц: „Размисли двапати нацисту“

Свет21 часРусите се огласија по крвавиот напад на Суми: Цел ни беше состанокот на воените команданти

Македонија22 часаВо Скопје се лекуваат девет повредени во пожарот во Кочани, во странство 48

Македонија23 часаПалевски тврди дека не ги извршил убиствата и грабнувањата: „Ако сакав пари, ќе уценував милијардери, имав 200.000 телефонски разговори“

Македонија1 ден„Филипче, наместо Клинички центар, изгради полигон за семејни тендери, корупција и скандали“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија1 денСДСМ: Истрагата за Кочани е фарса под команда на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски

Европа1 денБританија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Македонија1 денГрантови од 10.000 евра за младите земјоделци, велат од Владата

Македонија1 денЦУК: Пронајдени рачни бомби во нива во Тетовско и американска авионска бомба од минатите војни во Битолско

Македонија1 денДУИ: Прес-конференцијата на Тошковски и Коцевски – најголемата карикатура на заробената држава
МАКФАКС
RSS Маркетинг Импресум Контакт Услови за користење
Copyright © 2018 – Member of IAB Macedonia

Пронајдете не на следниве мрежи: