И Словенија ни воведе карантин од 14 дена

И Словенија ни воведе карантин од 14 дена

Словенија денеска ни воведе 14 дневен карантин. И обратно, државјаните од Словенија кои патуваат во земјава ќе треба да одат во 14 дневен карантин. Во образложението на словенечката влада се вели дека ваквата одлука е донесена поради влошување на состојбата со вирусот во земјава.

Карантинот пак, за Словенците кои се враќаа дома од други земји беше укинат пред три недели.

Од понеделник граѓаните на уште 14 земји членки на ЕУ и Заедничката европска економска зона ќе можат да влезат во Словенија, ама без карантин. Жителите од Германија, Грција, Швајцарија, Бугарија, Кипар, Чешка, Естонија, Финска, Исланд, Латвија, Литванија, Лихтенштајн, Норвешка и Словачка можат да влезат во Словенија без претходно задолжителен 14-дневно карантин.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.