И ТОА ИМА: Девојка тврди дека забременила од уроци

Бизарна приказна за 19-годишна трудница доаѓа од Маламба, Колумбија. Како што пренесуваат тамошните медиуми, девојката тврди дека останала бремена поради уроци. Таа вели дека никогаш немала сексуални односи, а на лекарски преглед дознала дека е бремена.

И ТОА ИМА: Девојка тврди дека забременила од уроци

Иако не спиев со ниеден маж, наеднаш престанав да имам менструација. Кога мајка ми ме однесе на преглед, лекарите утврдија дека сум бремена, изјавила неименуваната девојка.

Нејзиниот случај доаѓа во време кога властите се загрижени за зголемувањето на бројот на тинејџерските бремености.

Додека многумина на социјалните мрежи се потсмеваат на оваа вест, ситуацијата за колумбиските власти не е воопшто смешна. Податоците покажуваат дека во земјата зачестуваат случаите со малолетни трудници, што е сериозен проблем.

Дополнително, Маламба е мало гратче кое веќе го има привлечено медиумското внимание од чудни причини. Во 2009 година, едно семејство тврдело дека го видело Мајкл Џексон како поминува низ нивната куќа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.