И тоа има, овие луѓе ги нарекоа КОРОНАВИРУС КРИМИНАЛЦИ

И тоа има, овие луѓе ги нарекоа КОРОНАВИРУС КРИМИНАЛЦИ

Британски Мирор има опсежна статија за овие луѓе. Истите ги нарекува КОРОНАВИРУС КРИМИНАЛЦИ. И тоа затоа што се затворени поради плукање, кашлање или дување на носот. Како што се вели криминалците плукањето и кашлањето намерно ги користат против полицајците и здравствените работници, кога се дејствува против нив.

Низ Велика Британија, десетици се осудени на неколку недели или месеци во затвор заради овие типови напади врз полицајците. Еден човек кој тврдеше дека има коронавирус беше затворен една година во затвор поради тоа што дувал нос накај двајца полицајци, кога е познато дека се казнуваат оние што го користат смртоносен вирус како закана.

Друг беше осуден на шест месеци затвор за плукање во болничката медицинска сестра во Мерсисајд.

Дејвид Њутн (50) од Лискард, во раните утрински часови ја плукнал медицинската сестра во одделот за итни случаи во болницата „Ароу Парк“.

Тој се изјасни за виновен за напад врз „вработен во итна помош“ во судот во Вирал Магистрати во петокот и беше затворен шест месеци.

Прочитајте уште и:

Во Македонија има 48 правни субјекти кои го содржат името „Корона“

Куманово оди во целосен карантин за време на викендот

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.