Скопјани кои утрово со автомобили или во автобуси се движеа на потегот кај мостот “Гоце Делчев“ среде центарот на градот повторно беа заглавени во сообраќајниот метеж. Ваквата состојба која ги револтира и возачите и патниците, и заради која доцнат на своите работни места или каде и да тргнале, ќе трае повеќе од еден месец. Затоа доколку сте во можност, избегнете го потегот од крстосницата со булеварот “Свети Климент Охридски“ до крстосницата со улицата “Филип Втори Македонски“, како и булеварот ВМРО од булеварот “Партизански одреди“ до мостот “Гоце Делчев“.
Пронајдете не на следниве мрежи:
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.