Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на својот фејсубк-профил објави дека е позитивен на коронавирусот.
„И покрај сите мерки кои што ги преземав за своја лична заштита и заштитата на луѓето околу мене, сепак не успеав да се заштитам од ковид -19.
Се надевам дека вирусот не го пренесов на други лица, а тестот што денеска го направив го потврдил присуството на вирусот. Денешното тестирање покажа позитивен резултат. Клиничката слика е добра, со благо покачена телесна температура и без потреба од хоспитализорање.
Ова е доказ дека вирусот не смее да се потцени и дека мора секој од нас да внимава. Чувајте се и чувајте ги другите околу вас”, напиша градоначалникот на Скопје на фејсбук.