Напаѓачот на уругвајската репрезентација Единсон Кавани, кој настапува за аргентинскиот великан Бока Јуниорс, во четврток објави дека се повлекува од меѓународниот фудбал.
Победникот на Копа Америка во 2011 година, 37-годишниот Кавани е вториот играч со најмногу настапи во Уругвај – 136 и втор стрелец на националната селекција – 58, зад Луис Суарез, откако го имаше своето деби во пријателскиот натпревар со Колумбија во февруари 2008 година.
„Ова беа несомнено многу драгоцени години, би имал илјада работи да кажам, раскажам и присетам, но сега сакам да се посветам на оваа нова фаза од мојата кариера и да дадам се од себе таму каде што треба да бидам“, напиша Кавани на Instagram.
На клупско ниво, Кавани освои шест титули во Лига 1 и пет Купови на Франција со Пари Сен Жермен во периодот меѓу 2014 и 2020 година. Постигна 200 гола во сите натпреварувања за парискиот клуб.
Кавани играше и за Наполи, со кој го освои Купот на Италија во 2011/2012 година, и за Манчестер Јунајтед. Ѝ се приклучи на Бока Јуниорс во јули 2023 година, откако се раздели со Валенсија од шпанската Ла Лига.