Полската заменик-министерка за европски прашања Магдалена Собковиак-Царнечка денеска изјави дека унгарскиот премиер Виктор Орбан не бил поканет на церемонијата што се одржа во Варшава по повод полското претседавање со Советот на ЕУ, како да не е добредојден унгарскиот амбасадор во таа земја на церемонијата.Како што истакна таа, полските власти ја донеле таа одлука откако Будимпешта му дала азил на поранешниот заменик министер за правда на Полска, Марсило Романовски, кој е под истрага за наводна злоупотреба на јавни средства, пренесува ПАП. Будимпешта му даде политички азил на Романовски, кој беше уапсен во Полска во јули минатата година, како дел од истрагата за злоупотреба на јавните средства, што властите во Варшава силно го критикуваа, пренесува Ројтерс.Романовски претходно ги негираше обвиненијата, а доби азил во Унгарија откако беше ослободен во Полска поради пратенички имунитет. Собковиак-Царнечка рече и дека чека да види дали на церемонијата што се одржува во Големиот театар-Национална опера во Варшава ќе се појави претставник на унгарската амбасада од понизок ранг.Таа посочи дека кога беа испратени поканите минатиот месец, беа поканети сите највисоки претставници на ЕУ, но полскиот министер за надворешни работи, Радислав Сикорски, реши да не ги поканува унгарските лидери по инцидентот со Романовски. Полскиот премиер Доналд Туск претходно го критикуваше ставот на Орбан за Украина, додека Орбан рече дека владата на Туск ги гледа Унгарците како „непријатели“.Полска го презеде претседавањето со ЕУ на 1 јануари.
Пронајдете не на следниве мрежи: