Кавракова: Според анкетите на Мицковски убедливо победувавме, но се случи дебакл

Кавракова: Време е за конгрес на партијата и оставка на Мицкоски

Време е за оставка на Христина Мицкоски и за свикување вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, во писмен допис до медиумите побара Марина Кавракова, претседател на Градски комитет на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ и член на Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес.

„Во врска со актулените случувања во ВМРО-ДПМНЕ, а како долгогодишен членка и актуелна претседателка на Градскиот комитет на Унијата на жени во Скопје, чувствувам потреба јавно да го артикулирам мојот личен став. Во декември 2017 година на вонредниот конгрес на партијата во Валандово, делегатите на Конгресот меѓу кои и јас, го избравме Христијан Мицкоски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш многумина од нас гледаа во него нова надеж и нова енергија во ВМРО-ДПМНЕ. Гледавме како на човек со кого многу брзо ќе се вратиме на победничките патеки. Членството му веруваше и очекуваше.

Мицкоски во говорот на Конгресот, но и подоцна, постојано повторуваше дека главна цел му е консолидација на партијата и победа на следните парламентарни избори. Велеше дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ треба да исполнува три основни столба: „да биде лик што ќе биде прифатен од сите граѓани, да има позитивен рејтинг во јавноста и да биде прифатен од меѓународната заедница“, вели Кавракова.

„Со овие негови позиции тогаш се согласивме 376 делегати на Конгресот во Валандово, но и најголемиот број на членови на партијата. Наследи партиска структура што беше желна за работа и победа на следните парламентарни избори. Во нив се вбројувам и себе си, како член на тесното раководство на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, како и претседател на скопскиот Градски комитет на УЖ. Сите заедно работевме за победа на последните парламентарни избори“.

Мицкоски не уверуваше дека победата само што не дошла. Се сервираа нереални анкети во кои убедливо водевме. За жал се покажа дека тоа било само лажна надеж, купување време и мир во партиската структура.Се покажа дека Мицкоски бил лажна надеж. Се покажа дека нема капацитет да ја консолидира партијата, наместо тоа тој го подели членството на кредибилни и некредибилни, на инфицирани и неинфицирани … Се покажа дека тој не може да ја врати партијата на победничките патеки.Денес, од оние фамозни три столба кои сам си ги постави како услов за успех, не исполнува ниту еден од нив. Токму затоа е време за оставка и за свикување вонреден конгрес“,

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.