Каде во светот најмногу се пие алкохол и се пушат цигари?

Околу 63 милиони луѓе на светот, во текот на 2015 година биле зависни од алкохол, додека околу 20 милиони луѓе биле зависни од марихуана, а 17 милиони од нив – од опијати.
Луѓето кои пијат алкохол и пушат цигари имаат позагрозено здравје од оние кои користат илегални дроги, се наведува во извештајот објавен во списанието “Addiction”.
Во извештајот биле користени податоци од Светската здравствена организација и Институтот за проценка на здравствените податоци.
Околу 3,8 отсто изјавиле дека во текот на годината користеле марихуана, 0,77 отсто земале амфетамин, 0,37 отсто опијати и 0,35 отсто кокаин.


Најголемите консументи на голема количина алкохол се евидентирани во средишниот, источниот и западниот дел на Европа, каде еден жител просечно консумира околу 11 и 12 литри алкохол годишно, во однос на 6 литри колку што просечно консумираат жителите на другите места во светот.
Во истото подрачје е забележана и најголема стапка на секојдневно уживање во тутунот. Станува збор за околу 21 до 24 отсто од вкупната популација. Се наведува и дека во 2015 година, околу 63 милиони луѓе во светот биле зависни од алкохол додека околу 20 милиони луѓе биле зависни од марихуана.


Најголемата стапка на смртност се поврзува со пушењето цигари. На секои 100 илјади смртни случаи во 2015 година, 110 од нив биле поврзани со пушење цигари, 33 со консумација на алкохол и 7 со земање на илегални дроги.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.