Каде е воведена забрана за движење на товарни возила?

Од 04:10 часот рано утрово забрана за сообраќај на камиони има на патниот правец крак Маврово – Дебар. Исто така од 07:15 часот поради снег на коловозот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан. Во 8:55 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила и на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, во двата правци соопштија АМСМ и ЈП “Македонија пат“.
Сообраќајот на државните патишта изутринава се одвива по наместа влажни коловози, со остатоци од кашест снег. Снег паѓа на Попова Шапка, во Маврово, Дебар, Охрид, Струга, Кичево и на планинските премини Стража, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец. Заради ниските температури можна е појава на голомразица.
Надлежните апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.