КАДЕ Е ГЕНЕРАЛ ЗАЛУЖНИ? Командантот на украинската армија наводно паднал во немилост, ПО КОНФЛИКТ со Зеленски – и еве што прави сега

Врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни пишува дисертација чија тема е доверлива, објави украинскиот портал „Вести“.

Според веб-страницата на Украинската агенција за обезбедување квалитет на високото образование, Залужни планира да ја брани својата дисертација на Правната академија во Одеса.

Темата на неговата дисертација е означена како „државни тајни од областа на одбраната, државната безбедност и спроведувањето на законот“. Украинскиот генерал веќе објави неколку научни трудови во 2022 и 2023 година.

Некои украински аналитичари сметаат дека Залужни би можел да стане конкурент на актуелниот претседател на Украина, Володимир Зеленски, на претседателските избори.

Едно време, ова доведе до гласини за неговиот конфликт со шефот на државата и можно смена од позицијата врховен командант на вооружените сили на Украина, по што Залужни извесно време не даваше изјави во медиумите.

Меѓутоа, тој неодамна објави статија во британскиот магазин „Економист“, во која напиша дека војната во Украина е влезена во ќорсокак. Зеленски изјави дека не се согласува со мислењето на врховниот командант.

Како што рече поранешниот заменик-секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, пензионираниот генерал Серхиј Кривонос, овој чекор можеше да биде изнуден на Залужни и укажува на несогласувања со политичкото раководство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.