Каде е Груевски?

Груевски вечерва требаше да се пријави во Затвор на издржување на затворската казна за случајот со Мерцедесот. Сите негови жалби беа отфрлени, и последната денеска.
Па затоа десетици новинарски екипи вечерва го чекаат пред затворот, за да го снимат настанот на денот. Но Груевски се досега го нема.
Како што известија некои агенции Груевски го нема дома и не може да му се врачи поканата за затвор. Па затоа започнаа да се шират шпрекулации дека избегал?
Навистина каде е Груевски?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.