Прашањето кое на многумина им поминува низ главата по судската драма на Трамп е – каде е Меланија?Трамп беше прогласен за виновен за фалсификување деловни документи за да ги прикрие плаќањата за замолчување на порно ѕвездата Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година.Сега прашање е каква ќе биде пресудата и дали поранешниот американски претседател ќе мора да оди во затвор.Прашањето кое на многумина им падна на ум е каде е неговата сопруга Меланија Трамп, која во последните години се повлече од јавноста.Последен пат беше видена во јавноста во средината на мај на дипломирањето на нејзиниот син Барон, со насмевка на лицето.Трамп последен пат ја спомна кога и беше роденден.„Најпрво сакам да и посакам среќен роденден на мојата сопруга Меланија, многу добро ми оди, иако судењето е наместено“, рече тогаш додека го напушташе судот.Почетокот на годината беше тежок за поранешната американска прва дама, поточно смртта на нејзината мајка Амалија Кнавс. Нејзиниот сопруг Доналд и синот Барон застанаа со Меланија на погребот, како и таткото Виктор Кнавс, кој ретко се појавува во јавноста.
Пронајдете не на следниве мрежи: