Каде е Христијан Мицкоски? Премиерот заедно со баџото во 3 по полноќ се качил на авион со себе не повел ниту обезбедување, ниту испочитувал некаков протокол!

Инфомакс ексклузивно дознавам дека премиерот Христијан Мицкоски заедно со неговиот баџанак Јорданчо Јанев – Дано и нивните семејства заминале за Австрија.

Имено некаде околу 3 по полноќ на 8-ми мај тие ги чекирале своите авиобилети и се качиле на авион кој полетал во 4 и 20-тина минути за Виена, Австрија.

Дали премиерот од Австрија го продолжил патот кон некој од топлите острови или останал во Виена останува непознато.

Она што е интересно е што за ова патување на премиерот не беше известена јавноста, а како што дознава Инфомакс од свои извори за патувањето не бил известен ниту еден член на обезбедувањето на премиерот иако соогласно протоколот премиерот мора да биде обезбедуван каде и да оди за да се заштити функцијата и државата.

За патувањето неофицијално не бил известен ниту никој во Владата па така веќе утрото наредниот ден никој не знаел каде е премиерот на државата затоа што никој не ни бил известен.

Која е причината за целата оваа тајност, за раниот утрински лет на премиерот заедно со баџото со кого се шпекулира дека е бизнис партнер останува непознато. Јасно е само дека премиерот Христијан Мицкоски сторил се за да не се открие каде е заминат заедно со семејството.

Пронајдете не на следниве мрежи: