Каде има најмногу снег во моментов во Македонија?

Во Лазарополе утрово е најстудено, минус три степени, а најтопло е во Виница, три степени.

Како што соопшти УХМР, до 7:30 часот минус два степени се измерени во Берово, минус еден во Битола и Крива Паланка, нула степени во Скопје – Петровец, Тетово, Маврови Анови, Прилеп, Струмица, еден во Претор, Дебар, Штип, Демир Капија, Гевгелија, Кавадарци, Велес и два степена во Скопје – Зајчев Рид, Попова Шапка, Охрид и Крушево.

Турција ѝ нуди помош на Европа, 10 милијарди кубни метри гас годишно преку балканскиот гасовод
Турскиот министер за енергетика, Алпарслан Бајрактар, изјави дека Турција е подготвена да и испорачува на Европа до 10 милијарди кубни метри природен гас годишно преку балканскиот гасовод, но само …
Адвокат од Куманово нападнат во својата канцеларија
Адвокат од Куманово вчера пријавил во полиција дека физички бил нападнат во својата канцеларија од лице од Виница. – На 02.01.2025 година во 13.00 часот во СВР Куманово Н.К. …

Висината на снежната покривка утрово во седум часот изнесува четири сантиметри на Попова Шапка.

Во текот на ноќта и утрово времето е променливо облачно. Наместа дува слаб ветер од северен правец.

Претпладне во северозападните и источните делови ќе има услови за слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Во текот на денот сончево со мала, а во западните делови со умерена до значителна облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени.

Во Скопје претпладне со појава на слаба магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне 10 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.