КАДЕ ЛИ ЗАМИНАЛЕ? Се трага по 7 Непалци – работеле во Скопје!

Полицијата трага по седум лица од Непал кои се пријавени за исчезнати во два одвоени случаи.

Во првиот случај, скопјанецот Љ.Џ. (36) вчера околу 15:45 часот пријавил дека две лица од Непал, кои биле вработените во фирма каде тој е овластено лице, се оддалечиле од хотелот каде престојувале.

Сопственикот на правен субјект од Скопје, М.Н.(41) од Скопје, исто така вчера пријавил во 14 часот дека пет лица од Непал, кои биле вработени кај него, се оддалечиле од подрачјето на општина Аеродром во Скопје.

Во два случаи полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата.

фото: илустрација

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.