По неодамнешната одлука на Трамп да воведе царини за стоки од Кина, социјалните мрежи, а особено TikTok, се преплавени со видеа на кинески производители кои тврдат дека произведуваат стоки за луксузни брендови, кои подоцна ги продаваат за огромни суми пари под лажни етикети за потекло.
Дебатата за потеклото на луксузните стоки на познати светски брендови го зафати TikTok откако кинеските производители решија да ги „разоткријат“ најголемите модни куќи на споменатата социјална мрежа.
Според голем број популарни видеа, особено оние на корисник по име @senbags2 – луксузните стоки се произведуваат во Кина, а потоа се испраќаат во Италија и други европски земји за пакување или логоа што треба да се додадат за да се добие ознаката „Произведено во Италија“.
@felixsanchez244
USA
♬ original sound – Felix Sanchez
Меѓу другите, се споменуваат и модни куќи како Хермес, Шанел и Гучи, а тие ги прашале клиентите: „Зошто не купувате директно од нас?“
Видеата собраа милиони прегледи на TikTok, Instagram и Twitter. Овие тврдења беа протолкувани на интернет како обид на кинеските производители да профитираат од несигурноста околу тарифите со отсекување на посредникот и нудење пониски цени за „луксузните“ стоки.
Видеата од кинеските производители предизвикаа огромна дебата на интернет, при што многумина ја доведуваат во прашање вредноста на луксузните стоки и ветија дека ќе ги купат од трговци на големо или од сајтови кои продаваат копии.
@tungtungsahurcoin
Don t hesitated to contact me
♬ original sound – Senbags
„Некои велат дека се додека има ознака „Произведено во Кина“, чантата никогаш не може да биде луксуз“, рече еден производител на TikTok, тврдејќи дека повеќе од 80 отсто од луксузните чанти во светот се направени во Кина.
Колку вистина има во овие тврдења? Според самите брендови, ниту еден од нив не наведува дека нивната роба е произведена во Кина.
Хермес, на пример – кој кинеските производители го нарекуваат клучен престапник – не вработува персонал во Кина, според неговите финансиски извештаи.
Сепак, без разлика, многумина напишаа дека ќе изберат да купуваат директно од кинески добавувачи поради пониските цени.