Каде се укинати забраните за камиони?

Забраните за сообраќај на тешки товарни возила се укинати на патните правци Охрид – Ресен преку планинскиот премин Буково и Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато, како и на патот Струга – граничен премин Ќафасан, соопшти АМСМ.
Се уште се во сила забраните за движење на камиони на патиштата крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево, преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид, преку Пресека, патот Прилеп-Македонски Брод на планинскиот премин „Барбарос” како и на патниот праевец Тетово – Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.