четврток, 12 ноември 2026
Најново

Каде се утре ќе нема струја?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Заради техничките зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Зелениково, Кисела Вода, Гази Баба и Ѓорче Петров.
Како што соопшти РЦУК на Град Скопје, од 07:00 до 17:00 часот без струја ќе останат корисниците од селата Зелениково, Страхојадица, Градовци, Тисовица, Дејковец, Добрино, Смесница, Пакошево, Гумалево и Ново Село, а од 08:30 до 14:00 часот, без струја ќе останат корисниците од дел од улицата „Михаил Чаков”.
Во период од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе останат корисниците од дел од улицата „Трифун Хаџијанев”, а од 09:00 до 14:00 часот корисниците од делови од улиците „Ѓуро Салај”, „Алексо Демниевски” и „Даутица”.
Од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе останат корисниците од дел од улицата „Беласица”, а од 11:00 до 14:00 часот корисниците од делови од улиците „Рилски Гонгрес”, „Востаничка” и „Банско”./МИА

Поврзани вести