Кадиз со два гола во првото полувреме дојде до многу важна победа против Мајорка со 2-0, втора на последните три меча и излезе барем привремено од опасната зона во шпанската Ла Лига.
Четвртиот сезонски триумф со кој Кадиз сега дојде до 19 бода ја обезбедија Тео Бонгонда на асистенција на Алваро Негредо по само десет минути игра и Алеш Фернандез со гол од пенал во 38-та минута од мечот.
Кадиз беше претпоследен, а со триумфот сега има 19 бода и се искачи на 15-та позиција на табелата, додека Мајорка со осмиот сезонски пораз остана на 25 бода на десеттото место во шпанската елита.