Кадиров не е во кома! Лидерот на Чеченија се огласи со кратка порака од неговата прошетка

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров е виден во јавноста по гласините дека е болен и дека е во кома.

На краткото видео се гледа како Кадиров шета и разговара со своите синови и со другите членови на семејството.

Кадиров не е во кома! Лидерот на Чеченија се огласи со кратка порака од неговата прошетка

Видеото на својот Инстаграм профил го објави помошникот на чеченскиот лидер Умар Даудов.

  • Прошетката беше одличен крај на вечерата со семејството. Искористете ги среќните моменти, пријатели, најдете време и посветете повеќе внимание на семејството. Одморете се од толпата и задоволете си себе си и нив – ги цитира Даудов зборовите на Кадиров.

Засега не се знае кога е направена снимката.

За еден месец има шест пријави за врсничко насилство
Министерството за образование, изминатиот месец, од почетокот на школската година, добило шест …
Македонските штабни офицери континуирано ја следат безбедносната состојба на јужната граница на Либан
Министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски …

Украинските и странските медиуми, да потсетиме, во петокот објавија дека Кадиров е тешко болен и наводно е во кома. Портпаролот на Министерството за одбрана Андриј Јусов изјави дека здравствената состојба на шефот на чеченската држава значително се влошила во последните денови и дека тоа е последица на тешка болест.

  • Информацијата е потврдена од различни извори во медицинските и политичките кругови. Не се работи за повреди. Долго време е болен, а зборуваме за системски здравствени проблеми – рече Јусов.

Кадиров и неговите соработници досега постојано ги негираа ваквите наводи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.