Кадифените мечиња ги смируваат децата кога мајка им не е во близина

Кога ќе наполни 6 месеци, бебето влегува во природниот процес на одвојување од родителите, што е прилично стресно за самото дете. Во исто време тоа и несвесно ја одбира омилената играчка за спиење или за утеха.
Честопати овој избор е кадифено мече или некое друго животно, ќебенце или перничка, и токму тој предмет добива клучна улога во животот на детето. Имено, тоа одеднаш добива нешто што засекогаш ќе биде до него, дури и кога се чувствува сосема само. Овој предмет се проучувал во светот на психологијата уште од 50-тите години и неговата важност е докажана многупати досега. Тој овозможува сигурност и утеха, особено ако родителите не се во близина. Тоа е првиот предмет што детето го поседува, а потребата за него се зголемува кон крајот на првата година кога тоа почнува да го открива светот околу себе и се одвојува од мајката.


„Овие предмети им помагаат на децата со стресот, особено кога им е потребна утеха и чувство на сигурност. Децата поврзуваат одредени значења и емоции со овие предмети, па неретко им ја даваат и улогата на помош во тешки ситуации. И тие навистина се чувствуваат побезбедно и попријатно“, објаснува психологот и терапевтот Теа Кнежевиќ.
Детето има сè поголема потреба од овој прелазен објект во раната доба, како и по стресни животни ситуации како промена на околината или секојдневието, особено кога има потреба од поголема разбирање на околината. Како што детето расте, така тоа усвојува нови стратегии за да си помогне кога му е тешко, па улогата на овој прелазен објект се намалува.
Па, ако се прашувате зошто вашето дете не може да се одвои од омиленото кадифено мече или ќебенце, сега знаете! И тоа е одлично, затоа што на тој начин расте и се развива. Што и да правите, не му го земајте овој предмет и оставете го самото да го надрасне.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.