Каевски: Мицкоски прифати уставни измени, а ние ги прифативме сите негови услови

Дарко Каевски кој во Општина Центар беше дел од карванот „Рамо до рамо до победа“ рече дека Христијан Мицкоски го променил ставот и сега се согласува да има уставни измени со кои дел од бугарскиот народ ќе влезе во Уставот.

„Христијан Мицкоски де факто го промени ставот и сега се согласува да има уставни измени со кои дел од бугарскиот народ ќе влезе во Уставот. Ние ги прифативме сите негови барања и тоа е добра основа за продолжување на дијалогот, и покрај тоа што сега од ДПМНЕ едно нервозно и недоследно однесување. Ние немаме намера да влегуваме во објаснување на изјавите на Мицкоски кои јавно ги кажа по лидерската средба, туку овој период ќе го искористиме за да го заокружиме процесот и потребните измени да бидат донесени, порача пратеникот и портпарол Дарко Каевски во Центар.

Инаку по средбата на претседателите на двете најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ попладнево ДУИ одлучи да го свика највисокото партиско тело Централното претседателство во седиштето во Мала Речица.

Пред да започне денешната седница, партискиот портпарол Бујар Османи, истакна дека состанокот е закажан поради новите политичките случувања, а ќе се разговара, односно ќе се анализира средбата што се одржа во средата помеѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски.

Пронајдете не на следниве мрежи: