Каевски најавува апсење на Груевски кога ќе стапне во земјава

СДСМ не останаа покуси и ја коментираат преписката помеѓу Никола Груевски и Христијан Мицкоски на цосијалните мрежи, конфликт кој започна во текот на вчерашнипт ден откако Мицкоски отворено го нападна поранешниот премиер во интервју за германски медиум.

Каевски најавува апсење на Груевски кога ќе стапне во земјава

– За Никола Груевски нема да има амнестија и ќе биде уапсен во истиот моментот кога ќе стапне во земјава. Но, нема дилема дека Груевски сепак е вистинскиот лидер на ДПМНЕ, и затоа Мицковски е толку нервозен, изјави пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски на денешната прес-конференција.

Според него, внатрепартиските проблеми во ДПМНЕ очигледно се големи, но вели дека СДСМ нема намера да се меша во меѓусебната пресметка во ДПМНЕ и анти-ЕУ кампот.

-Мицкоски да не остави надвор од внатрешните поделби и сам да си ги решава кавгите во ДПМНЕ. Особено што токму Христијан Мицкоски треба да одговори за диловите со Груевски. Дали на овој начин Мицкоски ги прикрива барањата за амнестија на негови сопартијци, заради незадоволство токму од него? Политиката на блокада на Мицковски е само копија на оригиналот и очигледно дека има структури во ДПМНЕ кои не се задоволни од него, рече Каевски.

На социјалните мрежи буквално се води војна меѓу граѓаните и членови на ВМРО-ДПМНЕ кои дадоа поддршка за Груевски и дувлото на Мицкоски кое очигледно е активирано и ставено во највисок степен на “борбена готовност”.

На Фејсбук и Твитер се активни неколку анкети на кои поранешниот премиер Груевски убедливо води во споредба со Мицкоски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.