Каевски: Резолуцијата на Германија ги урива лагите на опозицијата дека ќе исчезнат македонскиот јазик и идентитет

„Сите лаги на опозицијата изминатиот период, дека со прифаќање на францускиот предлог ќе исчезе македонскиот јазик и идентитет паднаа во вода. Прво со Фронтекс, а сега и со поддршката и резолуцијата од Германија“ изјави пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во „Само вистина“ на Канал 5.

Тој додаде дека македонскиот јазик ќе биде зачуван и ќе биде дел од ЕУ, а тоа го потврди и Германија.

„Ваквата резолуција ни покажа многу – дека опозицијата знае само да говори дека не знам како се грижи за јазикот, а нивните партнери, на кои и им присуствуваа на конгрес, гласаа против“ рече Каевски.

Пратеникот од СДСМ рече дека жали што ВМРО-ДПМНЕ не лобира доволно кај нејзините сестрински партии, бидејќи сите политичари треба да делуваат и да покажат државност и грижа за државата.

„Верувам дека кога ќе се гласа во други држави ќе видиме и поддршка од нивните сестрински партии, бидејќи тоа ни е потребно“ заклучи Каевски.

Пронајдете не на следниве мрежи: