Казната на Јанкуловска за “Тенк“ Апелација ја намали на четири години

Судијката Добрила Кацарска ја осуди поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на шест години затвор за набавката на луксузниот “Мерцедес“ во одвоената постапка за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство. Жалбите на обвинетата Гордана Јанкулоска за предметот “Тенк“ Апелациониот суд Скопје делумно ги уважи со тоа што ја преиначи првостепената пресуда во делот на одлуката за казната и обвинетата ја осуди на казна затвор во траење од четири години.
Во останатиот дел Апелациониот суд Скопје првостепената пресуда во целост ја потврди.
– Постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-46/18, во јавноста познат како “Тенк“ , по одржана јавна седница, донесе пресуда со која жалбите на обвинетата Гордана Јанкулоска од Скопје делумно ги уважи на начин што ја преиначи првостепената пресуда во делот на одлуката за казната и обвинетата ја осуди на казна затвор во траење од 4 (четири) години, се наведува во соопштението од Апелациониот суд.
Од Апелација информираат дека вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб-страницата на Судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.