Според британските закони, сите лица над 16 години можеле да добијат казна до 2.800 евра ако бидат фатени како плачат дома.
Тоа правило, наводно, има за цел да го заштити квалитетот на живот, а истото се однесува и на гласните расправии, поместувањето мебел и удирањето во ѕид.
Доколку соседите во Велика Британија, чујат, се пожалаат и ве пријават за овие дела, казните се движат од 113 до 2.800 евра.
Казната можат да ја издадат локалните власти, полициски службеници, добротворни станбени фондови или станбени фондови кои локалната власт ги основала за таа цел.
Овие правила се дел од Законот за општествено однесување, криминал и работа на полицијата од 2014 година.