Казни за брзо возење, непрописно паркирање, нерегистрирани возила

Седум лица се полесно повредени во четири од вкупно осум сообраќајки евидентирани во изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје.
Санционирани се 18 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволеното, исклучени се од сообраќај десет лица пред да се стекнат со право на возење, како и 11 нерегистрирани возила,
две со претовар и едно технички неисправно.Изречени се 86 мерки за непрописно паркирање, а „пајакот“ подигнал 59 возила.


Шестмина возачи поминале крстосница на црвео светло, петмина не носелесигурносен појас, 11 зборувале на мобилен, двајца се престроиле неправилно.
Одделението за превенција при СВР Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници од областа на сообраќајот во СУГС „Сарај“ во општина Сарај.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.