Каква жена сум јас?

Јас сум тип на жена која ќе те сака, но само кога јас ќе бидам подготвена за тоа. Јас не сум жена која го чека следниот и која скока пред првата личност која покажува интерес. Јас не сум тип на жена која наоколу бара љубов. Јас не сум жена која се плаши да биде сама.
Јас сум жена која кога ќе го сретне правиот човек, ќе го сака со секој дел од душата. Јас сум жена која ќе се грижи за тебе, која ќе те изненади, која ќе биде добра кон тебе и ќе ти даде до знаење колку му значиш.
Јас сум жена која сака да ја знае твојата сила и твоите слабости. Сакам да знам кој ти е омилениот начин да го поминеш неделното попладне и што сакаш да правиш кога грми надвор. Сакам да знам нешто повеќе за твоето детство и како минатото влијаело на градењето на личноста која си денес. Јас сум тип на жена која сака да ја знае и најмалата работа за тебе, за да може да го сака секој дел од тебе.


Но, јас сум жена и која знае да се бори за себе. Нема да ти дозволам да ме малтретираш. Нема да ти дозволам да ме газиш. Знам колку вредам и сакам така и да се однесуваш кон мене. Нема да ти дозволам да ми кажуваш што смеам, а што не смеам да правам.
Јас сум тип на жена која не сака да биде контролирана и не дозволува да биде омаловажувана. Нема да ти дозволам да ме криеш од твоите пријатели. Јас не сум жена која ќе живее во твојата сенка. Јас не сум жена која ќе се повлече и ќе си ќути.
Секогаш ќе бидам покрај тебе. Ќе ти бидам поддршка при секој животен предизвик. Јас сум жената во која никогаш нема да се сомневаш. Јас сум жена која ќе те турка напред. Која ќе ти помогне да бидеш најдобар што можеш, која ќе те поттикне да го искористиш својот потенцијал. Нема да ти дозволам немо да гледаш како животот проаѓа покрај тебе. Сакам да знаеш колку си прекрасен и силен. Сакам да се сакаш онолку колку што те сакам јас. Јас сум жена која ќе те поттикнува на нови предизвици. Сакам да се соочиш со твоите стравови, а јас цело време ќе бидам покрај тебе, додека ти го гледаш стравот директно во очи и полека го победуваш.
Јас сум тип на жена која секогаш ќе биде искрена. Жена која нема да се менува за да им удоволува на другите. Јас не сум жена која ќе стави лажна насмевка на лицето, јас сум жена која ќе ти кажува сѐ и која ќе споделува сѐ со тебе.
И најважно од сѐ, јас сум жена која ќе ќе те сака со целото срце, душа и тело, но само ако го заслужуваш тоа.
Јас сум таква жена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.