Каква трансформација на Озил: За една година направи чудо од себе, на оваа видео нема да го препознаете поранешниот светски шампион и играч на Реал Мадрид

Професионалната кариера на Месут Озил заврши пред година и половина, а светскиот шампион со Германија веќе извесно време го гради своето тело во теретана.Колку е успешен со таа работа може да се види од видеото кое го објави неговиот приватен тренер Алпер Аксач.Озил сака да ги информира своите следбеници на Инстаграм за неговиот напредок, па затоа редовно објавува фотографии од своето извајано тело.Неодамна тој повторно се фотографираше со крената кошула и насмевка на лицето, со што ги изненади своите обожаватели.Да потсетиме, трофејната кариера ја изгради играјќи за Шалке и Вердер, а три години беше играч на Реал Мадрид и уште осум години на Арсенал.Беше познат како слаб и брз играч, но денес изгледа сосема поинаку – поголемо и помускулесто. View this post on Instagram A post shared by Alper Aksaç (@alperaksac7)

Пронајдете не на следниве мрежи: