Каква храна треба да јадете според вашата возраст?

Важно е исхраната да биде синхронизирана со возраста. Потребите на телото не се исти во секоја возраст.
Правилната исхрана е темел на здрав начин на живот и затоа мора да се има во предвид тврдењето на научниците од Универзитетот во Калифорнија.
Телото се менува со текот на годините па така да она што го јадеме на 30 години не треба да се јаде и во педесеттите, предупредуваат американските научници.
Од 20 до 30 години
Јадете многу млечни производи бидејќи коските се уште растат а алкохолот треба целосно да се избегнува поради лошото влијание врз здравјето на ноктите, косата и кожата. Строга диета во текот на овој период не е препорачлива.


Од 30 до 40 години
Ќе почнете да чувствувате недостаток на енергија и замор, затоа би било добро кафето да го замените со суво овошје, особено кајсии и јаболка, и цели зрна. Избегнувајте шеќер и нездрави масти со цел задржување на тежината во нормални граници.
0-50 години
Се појавуваат првите знаци на анемија, поради која експертите препорачуваат квалитетно црвено месо, овошје и зелен лиснат зеленчук. Избегнувајте слатки бидејќи на оваа возраст калориите потешко се трошат и може да добиете вишок килограми.
50-60 години
Во овој период имунитетот паѓа, па затоа е потребно консумирање на пробиотици и пиење на многу вода за да се избегне дехидрација. Јадете повеќе зеленчук и риба, додека сувомеснатите производи треба да бидат надвор од вашето мени.
По 70 години
Исхраната треба да биде врз основа на овошје, зеленчук, пилешко, риба, и не заборавајте да пиете многу течности, особено вода.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.